Гореше арената „Тодор Проевски” по прекрасната борбена партија на Македонија во натпреварот против Англија (1:1).

Елиф Елмас во 24-тата минута падна во шестнаесетникот на Англија, но судијата покажа на белата точка.

По грубиот дуел на Рико Луис над Бојан Миовски во казнениот простор на Англија, судијата свирна пенал за нашата репрезентација.

Ударот на Енис Барди го одбрани Џордан Пикфорд, но по одбиената топка Барди ја доведе Македонија во водство од 1:0 во 41-та минута.

На самиот старт на вториот дел (во 47-та минута) Англија изедначи, но по сугестија од Вар собата голот беше поништен.

Нововлезениот Хари Кејн по неполна минута на теренот беше најзаслужен за израмнувањето. По неговиот удат топката ја зафати Јани Атанасов која го измами Димитриевски и во 59-тата минута го израмни резултатот на 1:1.

Борбената Македонија „машки” издржа до крајот и докажа дека може да игра против „гордиот албион”. Крајниот резултат беше 1:1.