Судирот меѓу ФИФА и УЕФА кулминираше со бојкот на финалето на Светското првенство 2026 од страна на Александар Чеферин.
Чеферин не присуствуваше на мечот како знак на протест против одлуките на ФИФА, меѓу кои и случајот со американскиот напаѓач Фоларин Балогун. Тој избегна суспензија по интервенција на американскиот претседател Доналд Трамп.
УЕФА оцени дека таквите потези се, преседан, несфатливи и неоправдани.
Во соопштение од Нион беше наведено:
„Кога сигурноста во примена на правилата повеќе не ја гарантираат оние што треба да ги штитат, загрозени се интегритетот на играта и кредибилитетот на натпреварувањето“, изјавија од УЕФА.
Чеферин јавно се спротивстави на идеите на Џани Инфантино за комерцијализација на натпреварите:
„Таква пракса нема да биде воведена ниту во Лигата на шампиони, ниту на Европското првенство“, изјави Чеферин.
ФИФА под водство на Инфантино воведе нови правила, како казнување со црвен картон за играчи кои покриваат уста при расправија, додека УЕФА одби да ги применува овие мерки. Дополнително, УЕФА се спротивставува на забавни програми на полувреме и плановите за проширување на Мундијалот на 64 репрезентации.
Судирот меѓу двете најмоќни институции во фудбалот е на врвот. Бојкотот на Чеферин ја потврдува длабоката поделба околу иднината на играта.



































