Шпанското дерби од четвртфиналето во Лигата на шампионите го добија фуднбалерите на Атлетико Мадрид. На натпреварот одигран на „Камп Ноу“, Атлетико ја победи Барселона со 0-2.
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во финишот на првиот дел. Кубарси направи прекршок за кој заработи црвен картон, па Барса до крајот на натпреварот играше со фудбалер помалку. Слободниот удар од 20-тина метри го изведе Хулиан Алварез кој на ефектен начин ја затресе мрежата на Барса.

Во вториот дел домашниот тим фрли се на една карта. Барса постојано напаѓаше, во два наврати ја погоди рамката од голот на Атлетико, но не и мрежата.
Затоа на спротивната страна следеше казна. За тоа се погрижи Норвежалецот, Сорлот кој во 70.минута зголеми на 0-2.
Тој резултат остана до крајот на натпреварот, па реваншот во Мадрид ветува уште поголема офанзива на Барса.
Возвратниот натпревар Атлетико и Барса ќе го играат во вторник на 14 април.

































