Во Првата македонска фудбалска лига денес со почеток од 17 часот се одиграа сите пет натпревари од 33-тото последно коло.
Струга Трим Лум шампионски на последниот натпревар со Шкупи.

Иако новиот шампион имаше негатива на полувреме, сепак до самиот крај успеа да постигне два погодоци и да го добие дербито со 2:1. Натпревар без резултатско значење и за двете екипи, но Струга со победа ќе ја слави титулата, прва историска за нив.

Прилепска Победа со пораз пред своите гледачи се збогува од Прва лига. Натпреварот започна одлично за тимот на Победа и на полувреме имаше водство од 1:0. Во вториот дел Тиквеш ја превзеде играта на своја страна и ја наполни мрежата на домаќините. Натпреварот заврши со високи 4:1 за кавадарчани.

Шкендија со победа во Скопје ја заврши оваа сезона, во која останаа без трофеј. Првото полувреме заврши со 0:0 и сите три гола беа во вториот дел. Шкендија прва поведе, но набрзо Работнички го изедначи резултатот. Дебармаалци немаа сили за целосен пресврт и до крајот примија уште еден гол за конечни 2:1 за Шкендија.

Академија Пандев и Силекс ги поделија бодовите во Струмица. Домашната екипа имаше предност 2:0 по само 6 минути игра. Кратовчани брзо го возвратија ударот и веќе во 18-тата минута резултатот беше 2:2. До самиот крај на натпреварот немаше нов погодок.

Скопје иако со мислите веќе е на бараж натпреварот со Вардар, сепак денес се покажаа како тврд орев за штипска Брегалница. Гостите во 19-тата минута го отворија резултатот, а 10 минути покасно Скопје изедначи. Конечните 2:1 за Брегалница беа поставени во 85-тата минута.

ПРВА ЛИГА 33.КОЛО
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС 2:2
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 2:1
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 1:2
ПОБЕДА – ТИКВЕШ 1:4
СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА 1:2

ТАБЕЛА
1. СТРУГА ТЛ 68 бодови
2. ШКУПИ 58
3. ШКЕНДИЈА 57
4. СИЛЕКС 48
5. БРЕГАЛНИЦА 41
6. ТИКВЕШ 40
7. МАКЕДОНИЈА ЃП 39
8. РАБОТНИЧКИ 37
9. АКДЕМИЈА ПАНДЕВ 28
10. СКОПЈЕ 22
11. ПОБЕДА 13

Филип Василевски