Женската кадетска селекција на Македонија за кошаркарки до 16 години, попладнево го започнува настапот на Балканските игри.

Во романскиот град Тарговиште, македонските кадетки ќе одиграат три натпревари. Во рамките од „Б“ групата Македонија за противници ќе ги селекциите на Грција и вториот тим на домаќинот Романија.

Црвено-жолтите во првата рунда ќе играат против јужниот сосед во терминот од 18 часот и 15 минути.

Натпреварот ќе можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (подолу).

Во исто време (18.15 часот), утре македонските кадетки ќе играат против репрезентацијата на Романија 2.

Во зависност од пласманот во групата, во петок (29 декември) напите млади кошаркарки ќе разигруваат за конечен пласман со една од селекциите од „А„ групата во која се Романките и Молдавија и Бугарија