Машките младински репрезентации на Македонија се поставени на 15.место во рангирањето на ФИБА, последното за оваа календарска 2023 година.

Одличниот настап на нашата селекција до 20 година на Европското првенство во Скопје, придонесе за зголемениот број на бодови. Така младинската македонска кошарка е шест позиции погоре на онаа европска табела.

Македонија има вкупно 449.5 бодови, што е доволно за 30.место во оној поредок на ФИБА, гледано во светски рамки.

Очекувано, Шпанија е лидерската федерација во овој машки сегмент на младинската европска кошарка. Зад неа во ТОП 5 се и: Франција, Литванија, Србија и Турција.

Во женска конкуренција, нашите селекции искомбинираа 113.9 бодови и се рангирани на 36.место во европскиот, односно на 79.место во светскиот ранкинг за оваа година.