Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди и дефинитивно ќе го смени клубот.

Имено, Барди е еден од фудбалерите кои повеќе не се во планот на тренер, на Трабзонспор, Абдула Авчи. 

Македонскиот капитен е се поблиску до трансфер во германскиот бундеслигаш Унион Берлин. 

Како што веќе информиравме, хрватскиот тренер Ненад Бјелица, кој претходно го водеше Трабзонспор, а сега е на кормилото на германскиот тим, посакува во своите редови да го има Барди