На најновата тениска листа во женска конкуренција (ВТА), македонската тенисерка Магдалена Стоилковска бележи прогрес.

Стоилковска има скок од 24 места и се наоѓа на 1206-то место со 9 поени. Ова се должи на настапите на фјучрс турнирите во изминатиот период во Шарм Ел Шеик.

Лина Ѓорческа со 357 поени (нема промена) се наоѓа на 216-то место (пад за една позиција) во поединечна конкуренција.

Во игра на двојки Ѓорческа со 226 поени е рангирана на 367.место (пад за четири места).