Женската фудбалска македонска репрезентација попладнево ќе го одигра последниот натпревар во Лига на нации. Македонија ќе гостува во Софија кај Бугарија во натпреварот од 4-тото коло.

Тоа е последен меч во ова натпреварување за нашата женска селекција кој досега ги загуби сите три дуели.

Во првиот меѓусебен дуел во Скопје, во кој Бугарките славеа минимално со 1-0 не настапи нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова.

Овојпат Андонова ќе му биде на располагање на селекторот Кирил Изов и со неа во тимот, нашата селекција ќе се обиде да дојде до првите бодови.

Натпреварот Бугарија – Македонија ќе се одигра на стадионот на Левски во Софија, а ќе почне од 16 часот.