Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски рангирања.

И оваа седмица на врвот е Новак Ѓоковиќ, додека најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски повторно е 305-ти.

Српскиот тенисер ја почна 401-та седмица на првото место на АТП листата, а таму сигурно ќе остане до крајот на календарската година.

Зад Ѓоковиќ се: Карлос Алкараз, Данил Медведев, Јаник Синер, Андреј Рубљов.

Нема промени нити од 6 до 10.место, па следуваат: Стефанос Циципас, Александар Зверев, Холгер Руне, Хуберт Хуркач и Тејлор Фриц.

Калин Ивановски и третпат во својата кариера се наоѓа на 305.то место, што воедно е негов најдобар ранг во кариерата. Македонскиот тенисер ваквиот напредок и скок од 18 места го направи со настапот на Челинџерот во Јокохама. На денешното рангирање Калин има 10 поени повеќе или вкупно 174.