Тениската селекција на Италија е вториот финалист во Дејвис Купот.

Азурите во полуфиналето во Малага, со 2:1 во мечеви ја добија Србија и закажаа финале со Австралија. 

Јаник Синер уште еднаш се покажа како клучен играч. Откако со голем пресврт го доби Ѓоковиќ во синг и израмни на 1:1, во двојки одигра фантастично. 

Синер заедно со Лоренцо Сонего експресно го добија мечот во двојки против Ѓоковиќ и Кецмановиќ со 6-3 и 6-4. 

Така утре во финалето на Дејвис купот Италија ќе атакува на вториот трофеј во дуелот со најуспешната селекција Австралија.