Екипите на ММК Куманово и Борец баскет остварија победи во натпреварите од 8.коло на Втората кошаркарска лига. 

МКК Куманово очекувано и убедливо со 67 разлика го победи градскиот „ривал“ Куманово 2009 и стигна до осмата победа. За нивниот противник ова беше осми пораз во исто току одиграни натпревари. 

Сабо едно добро полувреме (првото) не беше доволно штипски Соколи да слават над Борец баскет на гостувањето во Велес.

Гостите од Штип добро го почнаа натпреварот и во седмата минута имаа двоцифрена предност (21-11). Соколи на првата пауза заминаа со 26-17. Во вториот период само 9 поени реализира екипата на Соколи но, ја сочува предноста која на полувреме изнесуваше +5 (35-31). 

Во третиот квартал, Соколи водеа се до 36-тата минута кога велешани ја ја преземаа предноста (43-42). Во последната четвртина, се распадна играта на штипјани двојно повеќе уфрлија домаќините кои на крајот славеа со убедливи 18 разлика 78-60. 

Во првиот натпревар од денешната програма, МЗТ Скопје У.Б. како гостин го совлада Водно Санс. 

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 8.КОЛО
Сабота
МКК КУМАНОВО – КУМАНОВО 2009 104-37
БОРЕЦ БАСКЕТ – СОКОЛИ 78-60
ВОДНО САНС – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 93-99
Недела
18.00 ТЕТЕКС – МАЏАРИ
18.00 АНГЕЛИ – МЕГА БАСКЕТ
одиграно во петокот
РАБОТНИЧКИ 2 – ШКУПИ 64-84

ТАБЕЛА: МКК Куманово 16 бодови, Шкупи 14, Маџари 13, Борец баскет 13, МЗТ Скопје У.Б. 13, Соколи 12, Ангели 11, Водно Санс 11, Работнички-2 10, Мега Баскет 9, Тетекс 8, Куманово 2009 8.