Полската тенисерка Ига Швјатек е втората финалистка на завршниот ВТА Мастерс во Канкун. 

Во полуфиналето кое се играше два дена, а беше прекинато поради дожд, Швјатек ја победи Арина Сабаленка со 2:0 по сети 6-3 и 6-2. 

Вторo рангираната тенисерка на ВТА листата, Швјатек, до финалето стигна без загубен сет во летирите меча. 22-годишната тенисерка од Полска, вечерва ќе игра против петтата носителка Џесика Пегула.

И 29-годишната Американка до големото финале стигна без загубен сет, па јасно дека вечерва може да очекуваме голем меч.

Двете тенисерки ќе атакуваат на првиот трофеј на завршниот ВТА Мастерс турнир.