Најдобриот светски тенисер Новаќ Ѓоковиќ вчера ја прослави 40-тата титула на Мастерс турнирите.

Денеска Новак ја започна 398-та недела на врвот на АТП листата, со што продолжи да го зголемува сопствениот рекорд. До „магичната“ бројка од 400 го делат уште две седмици и јасно е дека ќе го собори и тој рекорд.

Ѓоковиќ сега има 11.445 бодови, 400 повеќе од претходната недела, тоа е речиси 3.000 повеќе од второ рангираниот Шпанецот, Карлос Алкарас (8.455 бодови).

По нив следат: Русинот, Медведев, Италијанецот, Синер, Андреј Рубљев и Стефанос Циципас, кои ги задржаа позициите.

На сметка на Данецот, Руне кој падна за три позиции и сега е на 10-то, место, за една позиција напредуваа, Руд, Зверев и Фриц.

По пласманот во финалето во Париз, Димитров напредуваше за три места и сега е 14-ти.