Македонската женска репрезентација до 19 години оствари втората победа на квалификацискиот турнир Лига Б (рунда 1) за пласман во квалификации Лига А за Елитна рунда за ЕП.

Нашите млади фудбалерки славеа убедлива победа од 6:0 против врсничките од Ерменија, кои се домаќини. 

Билјана Паноска и Веса Села се радуваа на хет-трик, односно постигнаа по три гола.

Македонската репрезентација на полувреме водеше со 2:0, четири гола дадовме во продолжението.

Против Украина во третиот круг од турнирот, селекцијата предводена од Астрит Мерко ќе игра за првото место во групата.

Украина и Македонија имаат по максимални 6 бодови, додека Луксембург и Ерменија се без бод.

Нашата репрезентација во 1.коло славеше со 4:0 против Луксембург, а дуелот против Украина ќе се игра во понеделник (30 октомври) од 12 часот.

Македонија до 19 години: Кристина Павловска, Матеа Блажевска, Катерина Петкова, Слаѓана Ѓоргиева, Ива Јосифова, Симона Мајер, Веса Села, Билјана Паневски, Јована Павловска, Ива Јовановска, Сара Мена;

Standings provided by Sofascore