Актуелниот бранител на трофејот Македонија Ѓорче Петров ќе игра против Силекс во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија.

Ова ќе биде најинтересниот дуел во оваа рунда од натпреварите во националниот куп, а по денешната ждрепка одржана во ФФМ.

Тоа е дуел на последните три победници во националниот куп, и финалисти од пред две сезони.

На останатите натпревари, во Шип, Брегалница ќе ја пречека Воска Спорт, во Кавадарци, Тиквеш ќе игра со Брера Струмица, а во Скопје, Работнички се среќава со Шкупи.

Натпреварите ќе се играта на 8 ноември во терминот од 13 часот.

КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/4 ФИНАЛЕ
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – СИЛЕКС
БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ
ТИКВЕШ – БРЕРА
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ