Македонскиот одбојкарски првак Струмица со пораз го започна настапот на квалификацискиот турнир во Бургас, Бугарија. 

Проблемот на струмичани со не добивањето дозвола за настап на странските засилувања, си го стори своето. 

Тоа им беше добредојдено на домаќините, екипата на Нефтохимик Бургас која лесно го доби мечот од 1.коло со 3:0. 

Во првиот сет, нашиот шампион освои 13, а во вториот три поени помалку (25-11). Иако даваа се од себе, јасно им беше на одбојкарите на Струмица дека не се моќни да сторат ништо повеќе. Третиот сет го загубија со 15-25 за конечни 0:3. 

Тешко ќе биде некомплетниот тим на Струмица да се надева на едно од двете место кои водат во следната фаза. 

Утре тие за противник ќе го имаат црногорскиот шампион Будванска Ривиера која денеска со 3:0 го победи унгарскиот тим Фино Капошвар.