Самиот врв на ВТА листата од 11 септември е идентичен, барем што се однесува до првите пет рангирани тенисерки.

Лидерската позиција и натаму и припаѓа на Белорусинката, Арина Сабаленко, а втора е Ига Швионтек од Полска. Сега разликата меѓу нив две е 630 поени.

По водечкиот тандем се победничката на УС Опен, Коко Гоф, па Елена Рибакина од Казахстан и Американката, Џесика Пегула.

Шестата позиција и припаѓа на Маркета Вондрушова, која скокна две позиции, а зад неа се Унс Џабер од Тунис, Каролина Мухова, Марија Сакари и Барбора Крејчикова, која напредуваше за три позиции, во однос на минатата недела и ја комплетира листата на ТОП-10.