Женската ракометна репрезентација на Македонија следната седмица ги започнуваа квалификациите за Европското првенство 2024-та.

Селекторот Кристијан Грчевски денеска го објавува скратениот список на ракометарки кои се во комбинација за првите два натпревари.

Македонија е дел од групата 5-тата квалификациска група. Во неа црвено-жолтите за противници ќе ги има селекциите на Шпанија, Азербејџан и Литванија.

Во првиот круг од квалификациите, нашите ракометарки ќе одигра два квалификациски натпревари.

Првиот на домашен терен против Азербејџан на 11 октомври. Натпреварот ќе се игра во СЦ Јане Сандански во мала сала со почеток во 18 часот.

Четири дена подоцна (15 октомври) следи натпревар на гости против Литванија. Овој дуел ќе се игра во Вилнус во терминот од 15 часот.

ЕП ќе се одржи во Австрија , Унгарија и Швајцарија 2024-та. Пласман ќе изборат двете првопласирани репрезентации од осумте групи, како и четири најдобри третопласирани селекции.

ZHenska Seniorska Reprezentatsija Skraten Spisok 02102023 1