Најновата АТП листа донесе минимални промени во рангот на македонските тенисери.

По неколку недели „пад“ оваа недела Обрад Марковски е единствениот Македонец со подобар ранг. Марковски сега се е на 1374-то место со 8 поени.

Калин Ивановски и натаму е најдобро рангиран. Тој има два поени помалку од претходното рангирање (158) и пад за едно место, па сега е на 331-то.

Горазд Србљак е рангиран на 1101-то место со 9 поени (пад за една позиција).

Во конкуренција на двојки Ивановски е рангиран на 633-то место со 79 поени има пад за две места.

Марковски им пад за една позиција и е рангиран на 1220-то место со 21 поен.

Без промени во однос на претходната недела е Берк Бугариќ 1339-то место со 16 поени, додека Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2092.место со 3 поени и има пад од 44 позиции.

Што се однесува до најдобрите, во ТО 10-те нема промени.

Новак Ѓоковиќ и натаму е лидер, пред Карлос Алкараз и Данил Медведев…