Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот кој се одржува во Куршумлиска Бања, Србија.

Во осминафиналето на турнирот што се игра за награден фонд од 40.000 долари, Лина со пресврт ја победи домашната претставничка, Миа Ристиќ со 2:1 во сетови.

Првиот ми припадна на противничката со 3-6.  Тоа дополнително да ја мотивира, па и разлути Ѓорческа која во наредниот два и пропуши само пет гема на Србинката.

Во вториот Лина загубу два гема (6-2), а во третиот, три (6-3), за конечни 2:1 во сетови.

Ѓорческа во четвртфиналето ќе игра против француската тенисерка, Лоис Боасон, која е 427-ма на ВТА листата.