Светскиот рекет број 1,  Карлос Алкараз и третто рангираниот Данил Медведев се пласираа во 3.коло на УС Опен.

На младиот Шпанец, ми требаа 2 часа и 28 минути да го совлада Лорјд Хари од Јужна Африка во три сета. 

Алкараз лесно ги доби првите два сета со 6:3 и 6:1, а во третиот Хари кој е на 177.место на АТП листата ги изнамачи фаворитот. Мораше Алкараз да одигра максимални 13 гема и дури во тај-брејкот да го заврши сетот (7:6)

Ова беше 13-ти триумф на Карлос во 14 настапи на главната ждрепка на „Флешинг Медоус“, израмнувајќи го рекордот на Опен Ера што го држат Џон Мекинро и Лејтон Хјуит.

Во следното коло на УС Опен противник на Алкараз ќе му биде 26-от светски играч Ден Еванс од Англија.

Од фаворитите место во следната руда обезбеди и Данил Медведев кој трето рангиран во Њу Јорк. 

Русинот одигра сет повеќе од Шпанецот. Медведев со 3-1 го совлада Кристофер Оконел од Австралија. Во следната рунда ќе игра со Аргентинецот, Себастијан Баез.