Две млади фудбалски селекции денеска ќе играат контролни натпревари. 

Репрезентација на Македонија до 17 години на ќе игра против Кипар, а селекцијата до 15 години против Турција. 

Избраниците на селекторот Дашмир Беари, селекцијата до 17 години попладнево во 17 часот во Струмица ќе го одигра првиот дуел со врсниците од Кипар. Вториот овие две селекции ќе го играат во четврток (24 август). 

Денешниот дуел можете да го гледате во живо овде.

А, репрезентација на Македонија до 15 години гостува во Истанбул.

Избраниците на селекторот Драган Начевски, попладнево од 18 часот ќе го одиграат првиот натпревар, а три дена (петок 25 август) е втората контролна (во исто време).