Француската фудбалска федерација (ФФФ) го назначи легендарниот напаѓач Тиери Анри (46) за селектор на младата репрезентација. Тоа значи дека Анри ќе ги предводи „триколорите“ на Олимписките игри во Париз следната година.

Тој го наследи Силвен Рипол , кој доби отказ по испаѓањето од групата на овогодинешното Европско првенство за играчи до 21 година.

По одличната играчка кариера во која со Франција ги освои светските и европските шампионски титули и стана најдобар стрелец во историјата на Арсенал, Анри досега имаше скромна тренерска кариера.

Анри имаше неуспешни епизоди како селектор на Монако и Монтреал Импакт. На 49 натпревари на клупата на тие два тима забележа вкупно 13 победи, девет нерешени и 27 порази.

Воедно Анри беше и помошник во репрезентацијата на Белгија во два наврати (2016-18 и 2021-22).