Македонските кадети не успеаја да се изборат за четврт-финале на Европското првенство за кошаркари до 16 години во Скопје.

Сега задачата за остварување на целта, опстанок во елитната конкуренција ќе биде потешка.

За да го остварат тоа во разигрувањето за пласман (од 9 до 16 место), ќе мора да ги избегнат последните три позиции.

Првата голема шанса црвено-жолтите ќе ја имаат денеска во натпреварот со Летонија.
Доколку избраниците на селекторот Јованчев успеат да слават победа, тогаш ќе обезбедат опстанок во „А“ дивизијата.

Во спротивни, пораз би значел нов дуел и ново стрепење, за опстанок. Во таква ситуација, која нормално не ја посакуваме, македонските кадети последната шанса ќе ја имаат во дуелот со поразениот од натпреварот Турција – Израел.

Но. Се надеваме дека нема да дојде до тоа и дека уште вечерва целта ќе биде остварена.

Затоа сите попладнево треба да им дадеме поддршка на младите македонски кошаркари во дуелот со Летонија.

Влезот за натпреварот ќе се игра во СЦ „Кале“ од 18.30 часот е слободен, а дуелот можете да го ГЛЕТАТЕ ВО ЖИВО И ОВДЕ.