Младата машка репрезентација на Македонија денеска го продолжува настапот на Светското првенство за ракометари до 19 години во Хрватска. 

По одличните настапи во Ријека, нашите младински сега во Копривица, ќе разигруваат за пласман од 9 до 13 место. 

Прв противник е селекцијата на Унгарија.

Иако шампионатот го почнаа со три победи и беа први во групата, сепак во втората рунда Унгарците „кикснаа“. Следуваа поразот од Португалија и нерешениот исход со Хрватска, па сега и тие разигруваат за пласман од 9 до 13 место. 

Задачата за избраниците на селекторот Раде Стојановиќ нема да биде ни малку лесна. Ќе треба да се одигра максимално како и на претходното натпревари, особено со скандинавските ривали. Во најмала рака да се повтори играта од дуелот со Австрија, на која црвено-жолтите и одржаа лекција од модерен ракомет. 

Вечерашниот натпревар меѓу Македонија и Унгарија ќе започне од 20 часот, а ќе можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ. 

Победникот од овој натпревар ќе игра со подобриот од дуелот Чешка – Саудиска Арабија за 9 -тото, а ко поразените во натпревар за 11 место.

СЕ ЗА НАСТАПИТЕ НА МЛАДИТЕ МАКЕОДНСКИ РАКОМЕТАРИ НА МУНДИЈАЛОТ ВО ХРВАТСКА