Младите македонски кошаркари го претрпеа и четвртиот пораз во низа, на ЕП за играчи до 16 години во Скопје.

Во натпревар за пласман од 9 до 16 место, Македонија е совладана од Летонија со 46-57.

Во натпреварот со мал број на поени, Летоците добија три периоди. По првиот имаат седум поени предност 17-10. Вториот им припадна на жолто-црвените со 18-12, па на одмор се замина со резултат 29-28 за Летонија.

Во вториот дел очајна игра на македонските кадети. Со само 12 поени во третата и двојно помалку (6) во четвртата четвртина, јасно беше дека нашите „надежи“ нема што да бараат нема овој натпревар.

Така сега кадетите на Македонија ќе мораат по уште потешкиот пат да стигнат до целта.

Тие ќе мора да ги добијат следите два натпревари за да обезбедат опстанок во елитната „А“ дивизија на континенталниот собир.

Во сабота, ќе играа со поразениот од дуелот Турција – Израел, а потоа во недела со Црна Гора или Белгија.