Младата машка репрезентација на Македонија забележа нова победа на Светското првенство за ракометари до 19 години во Хрватска.

По одличните настапи во Ријека, нашите младински сега и во Копривица, го продолжија одличниот настап на Мундијалот.

Во дуелот за разигрување за пласман од 9 до 13 место, тие вечерва ја совладаа Унгарија со 22-20.

Нашите младинци добро го отворија натпревар. Во 12.минута имаа и два гола предност (5-3). Потоа следуваше голем пад, па противникот со серија од пет гола во 22.минута поведе со 8-5. Следуваше период во кој се играше гол за гол, се до завршните 3 минути. Тогаш црвено-жолтите вратија со серија од три гола, па на полувреме се замина со израмнети 12-12.

Во второто полувреме, црвено-жолтите постепено создаваа предност, за во 49,минута да имаат четири гола позитива (21-17). Малку фалеше од готово да направат вересија. Во наредните 10.минути нашите младинци не успеаја да постигнат гол, па противникот се врати во игра и намали на 21-20. За конечно Калаџиески со голот од 7.метри да го скрши противникот, а одбраните на Галевски на спротивната страна го дотолчи.

Мирче Калајџиески и Александар Петковски постигнаа по 5 гола, а Самоил Ристевски заврши со четири. Иван Галевски беше брилијантен со 11 одбрани, па заслужено беше прогласен за играл на натпреварот.

Со оваа победа нашите младинци се изборија најмалку за 10-тото место. Но, утре против Чешка ќе се борат за 9-тото, во мечот што ќе започне до 20 часот.

Чесите попладнево беа подобри од Саудиска Арабија со 36-33.