Македонската кошаркарска репрезентација ги доби противниците во квалификациите за Евробаскетот 2025-та.

Литванија и Естонија ни стајата на патот до шестото учество на Европските првенства, прво по 10 години. За последен пат Македонија играше на шампионатот во 2015-година во загрепската група.  

Ова бидејќи во нашата група е и ко-домаќинот Полска кој секако ќе настапи на шампионатот. 

Токму ова последното не му се допаѓа на македонскиот селекторот, Александар Јончевски.

„Реално не бевме многу оптоварени со ждрепката и кои репрезентации ќе ни бидат противници. Откако ги видовме групите, јасно ни беше дека ќе бидеме со три подобро рангирани репрезентации и дека шансите ќе ги бараме против следната подобро рангирана, во овој случај Естонија. Системот каде една репрезентација е веќе домаќин, и го има обезбедено учеството во завршниот дел е тотално непопуларен. Таква беше ситуацијата и во претходните квалификации, па ни е добро позната. И верувам дека тоа овој пат ќе го искористиме во наша полза“, вели Јончевски во изјавата за КФМ.

Шансата за се вброиме меѓу 204-те репрезентации (четири веќе се знаат, ко-домаќините), предводникот на црвено-жолтите ја гледа во дуелите против Естонија.

„Естонија ни е должник од тогаш, а секако ќе ги измериме силите и на претстојниот турнир во Талин каде што ќе бидат домаќини. Литванија е секако главен фаворит, а и Полска која беше четврта на последното Европско првенство, и згора на тоа имаат и одлична генерација. Единствено на кое се надеваме е да се појавиме во комплетен состав на сите ФИБА ‘прозори’ кои претстојат низ квалификациите, каде секој натпревар би бил одлучувачки“- дополнува Јончевски 

Кога подобро ќе размислено, не е до системот квалификации, туку до она што во моментов го располага Македонија. 

Среќа што не е како во далечната 1999 кога за прв пат Македонија настапи на Евробаскетот, на кој играа 16 репрезентации. Но, тогаш на Заре (селектор), Пеце, Врба, Тоше, Дуле, Владо и Перо Блажевски…, тоа не им пречеше системот на квалификации. 

Ако веќе се „откажаа“ од Олимпијадата, најавувајќи дека турнирот во Талин кој ќе послужи за европските квалификации, барем да не се откажуваме пред време од Европското, затоа што наредното потоа би било во 2019-та!