Со речиси преполовениот тим, македонската репрезентација,  ги започна подготовките за пред-квалификацискиот турнир за настап на ОИ во Париз 2024 година.

Патот е долг и премногу тежок, а ќе започне во Талин, Естонија.

На првиот прет-квалификациски турнир од 12 до 15 август, Македонија за противници ќе ги има Израел, Естонија и Чешка, редоследно.

Еден од поискусните во тимот е Стојан Ѓуровски кој очекува тешки натпревари.

„Може да очекуваме многу тешки натпревар. Тоа се силни репрезентации. Нé очекуваат натпревари кои се доби за нас како играчи и репрезентација, пред се за она што подоцна ни претстои, а тоа се квалификациите за ЕП. Како што реков. Ова ќе биде одличен тест за нас и добра шанса да се подготвиме за она што следува во октомври“, вели Младен Ѓурвски.

Тренинзите ќе се одвиваат во Скопје, по што на 3 и 4 август во Белград ќе одиграме два контролни натпревари со Полска.

Пред-квалификацискиот турнир почнува на 12 август, а противници на Македонија се Израел, Естонија и Чешка редоследно.