Македонските кошаркари ги дознаа противниците во квалификациите за Евробаскетот 2025-та.

Иако репрезентативците сега се фокусирани на пред-квалификацискиот олимписки турнир, секако размислуваат и за противниците во евро-квалификациите.

Впрочем, најавите од таборот на црвено-жолтите во изминатиот период се сведуваа на тоа. Турнирот во Талин треба да послужи за воигрување за квалификации за Евробакетот.

Македонија ќе има три добро познати противници.

Сите ја паметиме Литванија од 2011-тата и најголемиот успех на македонскиот спорт. Но, од тогаш се минати 12 години и работите се драстично изменети. Но, ја паметиме и „кражбата“ на ЕП 2013 во Словенија. 

Литванците континуирано се на големите натпреварувања и секогаш во битка за највисок пласман. Затоа важат за топ фаворити во групата.

Полска ќе биде ко-домаќин на ЕП. Ним пласманот им е гарантиран. Но, Полјаците имаат причина повеќе за докажување. Домашниот терен ќе биде и мотив повеќе, да потврдат дека 4-место на претходниот европски собир бил случаен.

Со Полска напите кошаркари пред неколку дена одиграа два контролни натпревари во Белград. Не се прославија црвено-жолтите. Првиот го загубија со 16 разлика (97:81), а во вториот претрпеа убедлив пораз со 32 разлика (84:52).

Естонија би требало да биде шансата, за шестиот настап на Македонија на Европските шампионатот, прв по 2015-та.

Со Естонците игравме во квалификациите за ЕП 2022 година. Тие во Скопје не победија со 9 разлика (72:81), а ние нив нагости со 2 (86:84). Токму Естонците ќе ни бидат и едни од ривалите во олимписките пред-квалификации.

Во Талин шанса ќе имаме да ги победиме, бидејќи Естонија ќе биде видно ослабена на овој турнир.

До почетокот на квалификациите има многу време. Првиот од трите „прозори“ ќе се игра од 19-27 февруари 2024. Потоа во од 18-26 ноември 2024 и последниот од 17-25 февруари 2025 година.

Сега на ред се олимписките квалификации во Естонија. Сите актуелности за турнирот во Талин следете ги на следниот ликот пост подолу.