Македонската кошаркарска репрезентација ги дозна противниците во квалификациите за Евробаскетот 2025 година.

На ждрепката, одржана во седиштето на ФИБА во Минхен, беа извлечени репрезентациите за осумте квалификациски групи.

Македонија ќе игра во последната „Х“ група во која за противници ќе го имаме Литванците, потоа ко-домаќинот на Евробаскетот Полска и селекцијата на Естонија.

Според однапред утврдениот систем на натпреварување. Од нашата група покрај Полјаците пласман на ЕП ќе обезбедат уште две селекции. Во пракса тоа би дека наши конкуренти ќе бидат Литванците и Естонците пред кои мора да завршите.

Квалификациите ќе се играат во три „прозори“ и тоа од 19-27 февруари 2024, 18-26 ноември 2024 и 17-25 февруари 2025 година.

Евробаскетот ќе се одржи од 27 август до 14 септември 2025 година.

КВАЛИФИКАЦИСКИ ГРУПИ ЗА ЕП 2025
ГРУПА А: Словенија, Украина, Израел, Португалија
ГРУПА Б: Италија, Турција, Унгарија, Исланд
ГРУПА Ц: Шпанија, Летонија*, Белгија, Словачка
ГРУПА Д: Германија, Црна Гора, Бугарија, Шведска
ГРУПА Е: Франција, Хрватска, Кипар*, БиХ
ГРУПА Ф: Грција, Чешка, Холандија, Велика Британија
ГРУПА Г: Србија, Финска*, Грузија, Данска
ГРУПА Х: Литванија, Полска*, Естонија, МАКЕДОНИЈА

*Лимасол ќе биде град домаќин на групата која ќе се игра на Кипар, во улога на домаќин во Летонија е Рига. Натпреварите во Полска во онаа прва фаза ќе се играат во Катовице, а оние во Финска, во Тампере.