Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби противниците во втората рунда од претквалификациите за ЕП.Машката

Денешната ждрепка, ја ,,прати” Македонија во групата „Ф“, заедно со репрезентациите на Кипар и на Австрија.

Во втората претквалификациска рунда ќе се игра по двокружен систем, односно секоја репрезентација ќе одигра по четири натпревари – по два на домашен и на гостински терен. Натпреварите ќе се играат во трите ФИБА „прозорци“ – во август и ноември 2026 година, како и во февруари 2027 година.

Пласман во квалификациите за Евробаскет 2029 ќе обезбедат победниците на четирите групи.

Распоред на натпреварите – Група „Ф“

  1. коло (27 август 2026) МАКЕДОНИЈА е слободна
  2. коло (30 август 2026) Австрија – МАКЕДОНИЈА
  3. коло (26 ноември 2026) МАКЕДОНИЈА – Кипар
  4. коло (29 ноември 2026) МАКЕДОНИЈА е слободна
  5. коло (25 февруари 2027) МАКЕДОНИЈА – Австрија
  6. коло (28 февруари 2027) Кипар – МАКЕДОНИЈА