На Европското првенство во Скопје, за кошаркари до 16 години, денеска е слободен ден.
Со одигрувањето на трите кола во групната фаза, познат е пласманот на репрезентациите, а со тоа и двојките за осминафиналето.
Македонските кадети со една победа (Белгија) и два убедливо порази (Франција и Литванија) завршија како трето пласирани во Б групата.
Со тоа црвено-жолтите „закажаа“ осмина-финален дуел со второ пласираната селекција на Словенија од А групата.
Осминафиналниот натпревар закажан за утре е исклучително важен. Победникот од овој натпревар не само што ќе обезбеди четврт-финале, истовремено ќе избори и опстанок во елитната „А“ дивизија.
Затоа избраниците на селекторот Александар Јованчев, ќе мора да ги заборават двата убедливи порази и да дадат се од себе на утрешниот меч.
Дуелот меѓу Македонија и Словенија ќе се игра во СЦ „Кале“ од 18.30 часот, а победникот од овој натпревар во четвртфиналето ќе игра против подобриот од натпреварот Шпанија – Летонија.
ДВОЈКИ ЗА ОСМИНА-ФИНАЛЕТО
ИТАЛИЈА – БЕЛГИЈА
ГЕРМАНИЈА – ПОЛСКА
ФРАНЦИЈА – ЦРНА ГОРА
ГРЦИЈА – ФИНСКА
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 18.30 ч.
ШПАНИЈА – ЛЕТОНИЈА
ЛИТВАНИЈА – ТУРЦИЈА
СРБИЈА – ИЗРАЕЛ




































