Поради хаосот и тепачките кои се случија ноќеска во Атина, натпреварот меѓу АЕК и Динамо најверојатно ќе се биде одложен.

Информација и официјално е потврдена, пренесуваат медиумите од Грција и Хрватска, повикувајќи се на извори од клубовите.

Повеќе од јасно е дена никому во моментов не му е до фудбал, имајќи го во превид епилогот од синоќешната „војна“ низ улиците на Атина. 

„Сериозни инциденти избија пред стадионот Неа Филаделфиј.а Млад Грк почина откако беше избоден со нож“, соопшти грчката полиција, додавајќи дека се повредени уште осум лица, меѓу кои и 17-годишник.

Поточно, тројца Грци и пет Хрвати се хоспитализирани. 17-годишник има повреди на мозокот откако бил погоден со камен во главата, јавува грчкиот телевизиски канал ЕРТ.

Како што пренесува пак Хрватската телевизија, приведени се 82-ца хрватски државјани.

Дополнително ситуацијата во Атина ја отежнува и фактот дека утре и задутре треба да се одиграат уште два натпревари во евро-куповите. 

За утре е закажан дуелот помеѓу Панатинаикос и Марсеј, а ден подоцна (четврток) и натпреварот помеѓу Олимпијакос и Гент.

(ВИДЕО) Хаос во Атина, има повредени и приведени