Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска гозаврши настапот на фјучрсот во Савитаипале, Финска. Таа го загуби мечот од второто коло од Маргарита Игнатјева од Летонија со 2-0 во сетови (63 64) за 98 минути игра. Со пласманот во второто коло нашата тенисерка ќе освои уште ден поен.

Во првиот сет Игнатјева направи два брејка на почетокот и поведе со 4:0 и со 5:1. Но сепак Стоилковска успеа да освои две гема и да намали на 5:3 и следуваше гемот кој летонската тенисерка го освои за водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет двете тенисерки го освојуваа гемот на свој сервис до 10.тиот гем кога Игнатјева направи брејк и со тоа го освои сетот со 6:4 во гемови.

Тенисерката од Летонија искорист 4 од 9-те грејк топки во мечот, додека Стоилковска имаше еден брејк од 4 можности.