Машката кадетска репрезентација на Македонија е во финалната фаза од подготовките за настап на Европскиот шампионат.

Скопје од 5 август, ќе биде домаќин на европски најдобрите млади играчи до 16 години.

Изминатиот викенд, избраниците на селекторот Александар Јованчев одиграа три контролни натпревари, со репрезентации кои ќе бидат дел од кадетскиот Евробаскет.

„Од трите одиграни натпревари бевме рамноправен противник само во натпреварот со Израел. Претрпевме високи порази од Шпанија и Грција. Добро е што имавме можност да видиме како е да се игра со најдобрите и да научиме каков пристап треба да имаме на Европското првенство доколку сакаме да ја оствариме целта“, вели Јованчев.

Време за многу корекции нема, и она малку мора да се искористи максимално.

„Се надевам дека во овие преостанати неколку дена ќе бидеме комплетни и дека ќе имаме доволно време да се воиграме пред натпреварот со Белгија, првиот на шампионатот“,
дополнува селекторот.

Покрај Белгија, противници на македонските кадети ќе бидат нивните врсници од Франција и Литванија.