Во второто квалификациско коло од Конференциската лига не очекува реванш дуелот помеѓу екипите на Струга Трим Лум и Будуќност. Натпреварот ќе се одигра вечерва со почеток во 21 часот во Подгорица.

Екипата на Струга ТЛ патува во Подгорица со предност од еден гол, која ја стекна на првиот натпревар. Победата од 1:0 во Охрид ја донесе Бесарт Ибраими. Поучени од поразот од Жалгирис, избраниците на тренерот Дуро мораат максимално со голема концентрација да влезат во овој натпревар.

Црногорската екипа беше поштедена овој викенд од обврските во домашното првенство, се со цел да бидат одморени за реваншот со нашиот шампион. Не очекува потполно изедначен натпревар каде што ситници ќе одлучуваат за победникот, а ние се надеваме дека тоа ќе биде екипата на Струга ТЛ.