Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски рангирања.

На денешното рангирање, нема промени што се однесува до првите 10 позиции.

И натаму лидер е Шпанецот, Карлос Алкараз но сега со само 430 бодови повеќе од Новак Ѓоковиќ. Ова откако младиот Шпанец го прескокна турнирот во Умаг.

Зад водечкиот двоец следуваат: Данил Медведев,  Каспер Руд, Стефанос Циципас, Холгер Руне, Андреј Рубљов, Јаник Синер и Американците Тејлор Фриц и Френсис Тиафо.

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски е на Ивановски 336-тото место.

Мал пад на македонските тенисери на АТП листата