Калин Ивановски се пласира во полуфиналето на фјучрс турнирот во Крамсах, Австрија.

Ивановски кој е 2-носител на турнирот во четвртфиналето го совлада домашниот тернисер Сандро Коп 2-0 во сетови

Првиот Калин го доби по голема борба во тај-брејкот со 7-4, на поени а во вториот славеше со 6-4 во гемови. 

Утре во полуфиналето Ивановски ќе игра со победникот од мечот Ламберт Руланд (Германија) и Матис Ерхар (4.носител, Франција).

За калин денеска ќе следува и четвртфиналето во конкуренција на двојки. Тој со Елдин Хусеиновиќ ќе играат против Американците Николас Бибел и Џејми Вејнси.