Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром потврди дека браќата Стојановски и младиот Андоновски и следната сезона ќе бидат дел од сино-белите.

Во информацијата објавена на официјалната веб страна на клубот, дека ова трио има уште една година договор со МЗР Скопје.

„Претставувањето на тимот со кој ќе настапуваме во новата сезона го почнуваме со кошаркарите за кои и немаше дилеми дека ќе го носат нашиот дрес на патот кон одбраната на двојната круна на домашна сцена, како и што подобриот пласман во АБА2, каде што ќе бркаме враќање во јадранската елита.

Горди сме што во следните 365 дена во нашиот тим повторно ќе го имаме капитенот Дамјан Стојановски, нашиот заштитен знак и една од најголемите клупски легенди во историјата, кој ќе ја одработи втората година од договорот потпишан минатото лето. Крај него ќе биде уште една легенда на макбаскетот, неговиот брат-близнак, Војдан Стојановски, кој исто така има уште една сезона за играње во плаво-белиот дрес.
Договорна обврска со нашиот клуб од претходно, барем од делот на сениорскиот ростер, има и Андреј Андоноски, чиј талент е неоспорен, кој блесна во финишот од минатата сезона и од кого се очекува уште повеќе во иднина.

Управата на клубот засилено работи на пополнување и на останатите позиции во тимот, со преговори со досегашни наши кошаркар, но и со нови потенцијални домашни и странски засилувања, кои ќе треба да го дадат дополнителниот шмек, а со тоа и квалитет во играта на гордоста на Аеродром. За сите нови информации навремено ќе бидете информирани преку нашата интернет-страница и профилите на социјалните мрежи.“

Вчера аеродромци го потврдија и ангажманот на Васко Атанасов на „жешкото“ тренерско сточе.