Македонската младинска репрезентација за кошаркари до 20 години заврши на 2.место на ЕП (Б дивизија) во Скопје.

По завршувањето на шампионатот беше избрана и најдобрата петорка на првенството.

Очекувано во неа е центарот на нашата репрезентација Теодор Симиќ. Симиќ на турнирот го заврши со речиси дабл-дабл учинок, а имаше просек од 16 поени и 9,1 скок.

Иако нашиот центар имаше најмногу гласови во трката за признанието „МВП“ сепак тоа му припадна на најдобриот играч на првопласираната репрезентација.

Имено за „најкорисен играч“ на првенството е прогласен Чехот, Ондреј Свец.

Во „идеалниот“ тим е и неговиот сонародник, Ондреј Хустак, Швеѓанецот Феликс Бростом и Олександр Кобзистји од Украина.

Со освојувањето на 2.место на првенството, следната година Македонија (генерацијата 2004 и помлади) ќе игра во елитната А дивизија на континенталното првенство.