Фудбалската репрезентација на Мексико е победник на годинашното издание на КОНКАКАФ Голд Купот.

Во финалето на ова натпреварување, одиграно во Лос Анџелес, Мексиканците минимално со 1-0 ја совладаа репрезентацијата на Панама.

Човекот на одлука беше напаѓачот на хеленскиот Феенорд, Сантијаго Хименез. Тој влезе во игра во 84.минута, а четири минути подоцна го постигна победничкиот гол.

Моментот на одлука се случи по неуспешниот напад на Панама кога Мексиканците тргнаа во брз контранапад. Топката дојде до Хименцо на средината на теренот, кој успешно го мина својот чувар и ја затресе мрежата на ривалот.

За Мексико ова е деветти трофеј Голд Купот и сега имаат два повеќе од Американците кои беа елиминирани во полуфиналето од Панама.