На Европското првенство (Б дивизија) за кошаркари до 21 година, што се одржува во Скопје, Македонската репрезентација денеска треба да го завери влезот во четвртфиналето.

Откако вчера ја деклариравме Бугарија со (83:54), денеска ни треба ништо друго освен победа над Ирска.

Досега против Ирска немаме одиграно натпревар, во нашата група доживеа два пораза од Бугарија и Чешка, а по голема борба ја победи Словачка дури по продолженијата.

Македонија доколку ја победи Ирска со ист биланс од три победи и еден пораз ќе се израмни со Бугарија, но поради меѓусебниот дуел ние ќе бидеме пред нашите соседи.

Избраниците на селекторот Никола Василев ќе имаат далеку полесен противник за разлика од вчера, па треба да се искористи оваа шанса со уште една одлична партија да обезбедиме четврт-финале.

Еве упатуваме и покана до сите оние кои се во можност да дојдат во салата и да ги бодрат нашите надежи во походот кон уште една победа.

Почетокот на натпреварот помеѓу Македонија и Ирска што ќе се игра во СЦ Кале е закажан во терминот од 18.30 часот, а истиот можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.