Македонската младинска репрезентација не успеа да обезбеди место во главната рунда на Европското првенство за ракометарки до 19 години, што се одржува во Романија.

Сега црвено-жолтите се борат за пласман од 9-то до 16-то место.

Македонија денеска ќе  го игра последниот натпревар од групата 4, против репрезентацијата на Србија.

Македонија на претходниот меѓусебен натпревар на подготвителниот турнир ,,Трофеј Карпати“ загуби од Србија со 30:29, со гол во последната секунда.

Двете прво пласирани репрезентации од ново формираните групи (3 и 4) ќе разигруваат за пласман од 9 до 12 место, додека трето и четврто рангираните ќе играат за пласман од 13 до 16 место.

Се очекува ова да биде интересен натпревар и неизвесен резултат до последната минута. Дуелот меѓу Македонија и Србија ќе започне точно напладне (од 12 часот).

Ивона Кимовска