На Европското првенство (Б дивизија) за кошаркари до 21 година, што се одржува во Скопје, по два дена одмор, Македонската репрезентација денеска ја чека дуел со непоразената Бугарија.

Нашиот сосед досега одигра три меча и забележа исто толку победи. Македонија има биланс од една победа и еден пораз, па така избраниците на селекторот Никола Василев ќе имаат мотив плус, да го совладаат нивниот најтежок противник во оваа група.

Нашата репрезентација досега покажа дека може да игра квалитетно. Со Чешка загубивме добиен натпревар, а со Словачка славевме убедливо.

Против Бугарија одигравме минатата година на европското и загубивме со 69-64.

Пред избраниците на селекторот е да покажат дека сме кадарни да одиграме квалитетен натпревар по кој нема да има повеќе непоразени екипи во групата.

Покрај натпреварот Македонија – Бугарија, вечерва во нашата А група се игра и дуелот Словачка-Ирска, селекции кои досега немаат победа на турнирот.

Почетокот на натпреварот меѓу Македонија и Бугарија што ќе се игра во СЦ Кале е закажан во терминот од 18.30 часот, а истиот можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.