Иако не ги одиграа до крај своите осминафинални дуели, Данил Медведев и Елена Рибакина се меѓу четвртфиналистите на Вимблдон.

Ова откако нивните противници ги предадоа мечевите.

Откако 3-носител Медведев ги доби првите два сета против Јири Лехечка, чешкиот тенисер реши да се повлече и да го предаде мечот, па Русинот си обезбеди четврт-финале во кое за противник ќе го има подобриот од дуелот што се во тек меѓу -(5-носител) Стефанос Циципас и Американецот,  Кристофер Јубанкс кои го играат третиот сет, а по резултат 1-1 во сетови.

Актуелната шампионка Елена Рибакина мина на теренот само 21.минута кога при водство од 4-1 во гемови нејзината противничка Беатриз Хадад Маја од Бразил се повлече. Родената Русинка која настапува под знамето на Казахстан, ќе го чека исходот од мечот меѓу (6) Онс Џабер (Tунис) и (9) Петра Квитова (Чешка), за да ја дознае противничката во четвртфиналето.