Добри вести за љубителите на тенисот доаѓаат од Лондон, каде во понеделник и официјално стартува третиот овосезонски Гренд-слем Вимблдон.

Откако најдобрата светска тенисерка и топ фаворитка за освојување на трофејот на Вимблдон, Ига Швјонтек завчера поради стомачни проблеми, можно предизвикани од труење се повлече од настап на турнирот во Бад Хамбург, денеска се појави пред медиумите во Лондон.

„Добро сум. Имав навистина лоша ноќ. Со мојот кондициски тренер направивме мерења утрово. Тие навистина не изгледаа добро, пртед се бидејжи навостона едвај да спиев. Имам стомачна болка, но не знам дали има други проблеми. Дали и нешто друго не е во ред. Подоцна во текот на денот се чувствував подобро, така што сум прилично сигурна дека се ќе биде добро“, изјави Швјонтек.

Организаторите уверуваат дека Швјонтек ќе биде дел од турнирот.

Полската тенисерка е топ фаворитка за одвојување на трофејот на неофицијалното Светско првенство како го нарекуваат Вимблдон, но дали победничката од Роланд Гарос ќе биде подготвена за во понеделник до 14 часот за кога е закажам нејзиниот прв дуел против Жи Лин од Кина, останува да се види.