Тимот на Ред Бул оствари 1-2 победа на спринт трката во Австрија. Актуелниот шампион и лидер во Генералниот пласман во Формула 1, Макс Верстапен, заврши на првото место денешниот спринт што се возеше на „Ред Бул Ринг“, а како увертира на утрешното Гранд-при на Австрија.

Холанѓанецот кој ја имаше и првата стартна позиција, прва ја мина целната рамнина и тоа пред тимскиот колега Серхио Перез. Победничкото трио го комплетира Шпанецот, Карлос Сајнц од Ферари.

Со новите освоени бодови, Верстапен ја зголеми предноста во Генералниот пласман па сега Холанѓанецот има 203 бодови, дури 70 повеќе од Перез кој е втор.

Верстапен и утре ќе стартува од пол-позицијата, а зад него ќе бидат двата болиди на Ферари, Леклер и Сајнц, а Ландо Норис од Мекларен ќе го пополни вториот стартен ред и ќе почне од четвртата позиција.

Стартот на утрешната трка за ГН на Австрија е закажана во 15 часот