Женската тениска репрезентација на Македонија го првиот дуел од годинашново издание на Третата Европска зона на Били Џин Кинг купот што се игра во Скопје. Во дуелот од Б групата Македонија ја совлада Албанија откако поведе со 2:0 и мечот во двојки нема да има влијавие на победникот. Во вториот меч нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа со 2-0 во сетови (60 62) ја совлада Греши Бајри. Мечот траеше 46 минути.

Првиот сет Ѓорческа го освои на доминатен начин без противничката да освои гем, со максимална реализација на брејк топките 3/3. Во вториот сет имаше нешто повеќе одиграни поени, а по водството на Лина од 2:0 Бајри освои гем за 2:1, а потоа Ѓорческа освои три гема за 5:1, за повторно албанската репрезентативка да освои гем и сетот да заврши со 6:2. И во овој сет Ѓорческа имаше максимална реализација на брејк топките 2/2.

Во првиот меч Магдалена Стоилковска со 2-1 во сетови ја победи Кристал Дуле.

Во мечот во двојки за Македонија ќе играат Александра Симева и Ива Данева, а за Албанија Греши и Бајри.